ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ КАКО ДА СТИГНЕТЕ ДО КРУШЕВО ЗА 2 АВГУСТ
31/07/2024 10:34
Поради санација на патот Прилеп – Крушево, МВР известува кои патни правци да ги користат граѓаните што ќе сакаат да патуваат во Крушево по повод 2 Август.
„Поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што тој е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и на 2. 8.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионалниот пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионалниот пат Р1305 до клучката Сладуево (Демир Хисар) по регионалниот пат Р1306 до Крушево“, објави МВР.



![Се намали бројот на нови случаи на коронавирус, но повторно голема бројка на пoчинaти korona-makedonija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/korona-makedonija1.png)

