УЖАС ВО ВЕЛЕС: ГРАБНАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СКОПЈЕ, ДВА МЕСИЦИ ЈА СИЛУВАЛ, ДВЕ ДРУГИ ЛИЦА ЈА ТЕПАЛЕ
01/08/2024 16:13
Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале.
Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.
СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик.
Против другите двајца соучесници К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.




![Хорор во Битола: Ја удирал вонбрачната партнерка со столица, па потоа ја силувал semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)
