MKinformer

your daily dose of news

УЖАС ВО ВЕЛЕС: ГРАБНАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СКОПЈЕ, ДВА МЕСИЦИ ЈА СИЛУВАЛ, ДВЕ ДРУГИ ЛИЦА ЈА ТЕПАЛЕ

01/08/2024 16:13

Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале.

Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и   „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик.

Против другите двајца соучесници К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!