MKinformer

your daily dose of news

ЗОО-СКОПЈЕ: Слоницата не е угината, била евтанизирана поради старост и болести

07/08/2024 13:01

Слоницата Даела од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била евтаназирана, поради старост, објаснуваат од скопската Зоолошка градина.

Како што објаснуваат од таму, Дуња имала 60 години и повеќе болести поради што дошол тим од тројца лекари од Белгија од каде и што дојде слоницата во Скопје кои констатирале дека е најдобро да биде евтанизирана.

Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.

Во септември во 2018, над 10.000 граѓани дојдоа во скопската Зоолошка да ги видат новите жители, слониците Дуња и Даела.

Наскоро од скопската Зоолошка градина се очекува информација во врска со судбината на другата слоницата Дуња.

error: Содржината е заштитена од копирање !!