ЦУК: Заглавените гости од хотелот „Радика“ во Маврово се извлечени со помош на специјално возило
02/12/2024 8:38
Гости од хотелот „Радика“ во Маврово, што вчера беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вечерва се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, што вози пред нив и им го расчистува патот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Возила кои поради снежните врнежи беа заглавени кај хотелот „Радика“ во Маврово се извлекуваат со специјално возило на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта.
Од Центарот за управување со кризи вечерва соопштија дека според последната информација од терен добиена во 20 часот, колоната возила е стигната до Бунец. Се движат споро, но според дежурните екипи, ќе успеат да се стигнат до своите дестинации.





