Измрзнаа децата на првиот школски ден од второто полугодие
20/01/2025 15:14
ЕСМ Снабдување ги информира потрошувачите дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа, ќе има намалена испорака на топлинска енергија кај дел од корисниците.
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на решавање на проблемот, со цел да се воспостави стабилен хидрауличен режим во системот и да се нормализира снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси и се преземаат засилени мерки за што побрзо враќање на редовното снабдување.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефоните (02) 3076 200 и 075 400 100.





