АД ЕСМ апелира до граѓаните да ги завршат поправките на грејните инсталации пред почетокот на грејната сезона
30/09/2025 12:00
АД ЕСМ ги повикува потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје да ги завршат потребните поправки на своите грејни инсталации пред официјалниот почеток на грејната сезона 2025/2026, кој е предвиден за 15 октомври. Според регулативата, сезоната може да започне и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско.
Од компанијата апелираат до граѓаните да ги пријават завршените интервенции во Центарот за грижа на потрошувачи, со цел обезбедување на непречено снабдување со топлина. Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина на официјалната веб-страница на ЕСМ Снабдување.
За дополнителни информации или пријави, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.






