Денешното време: Облачно и со магла, но и сончеви периоди во текот на денот
26/01/2025 9:20
Денешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има магла и ниска облачност. Во Повардарието се очекува слаб ветер од јужен до југоисточен правец.
Mинималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, додека максималната ќе биде од 8 до 16 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, наутро со магла, а ќе биде претежно тивко.





