MKinformer

your daily dose of news

Силни потреси во Санторини: Плажата на Акротири недостапна за посетителите

06/02/2025 10:38

Серијата земјотреси кои го погодија Санторини и блиските грчки острови во изминатите неколку дена доведоа до лизгање на земјиштето на една од најпознатите плажи, Црвената плажа.

Црвената плажа, позната по впечатливиот црвен песок и вулканските карпи, сега е затворена. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат одрони.

До плажата, која претходно беше достапна преку археолошкиот локалитет Акротири, сега може да се стигне само со брод.

Во вторникот, силен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Санторини, што претставува најсилен потрес во регионот до сега. Градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос, изјави за Асошиетед прес дека сеизмичката активност може да трае со недели пред да се смири ситуацијата.

Поради зголемената загриженост за безбедноста, многу локални жители и туристи го напуштаат Санторини преку специјални летови и траекти. Училиштата на Санторини и на соседните острови Аморгос, Иос, Анафи, Тинос, Лерос и Патмос се затворени. Тимовите за итни интервенции, вклучително и грчката специјална единица за одговор при катастрофи, тимовите за цивилна заштита и единиците за спасување од воздух, остануваат во состојба на висока готовност.

Земјотресите продолжуваат, а властите апелираат до жителите и туристите да останат внимателни, стравувајќи се од нови потреси во наредните денови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!