Недостиг на медицински сестри и несигурни вработувања во прилепската и битолската болница.
11/02/2025 15:18
Само во болниците во Прилеп и Битола работат повеќе од 100 медицински сестри со договор на дело. Тие добиваат паушал од околу 20.000 денари, но нивните вработувања се несигурни бидејќи не се вклучени во систематизацијата.
Претседателката на Здружението на медицински сестри, Бешлиовска, укажа на сериозниот недостиг на медицински персонал во здравствените установи во Македонија, посочувајќи дека во моментов има само две медицински сестри на еден лекар.
https://www.youtube.com/watch?v=xN2qSU1sNJY






