MKinformer

your daily dose of news

Владата ги замрзнува цените и маржите на основни продукти до крајот на април

18/02/2025 23:17

Владата донесе одлука: Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото мло, јајцата и зејтинот до крајот на април ќе се продаваат по истите цени како на 1 февруари. Дополнително, нивната маржа се замрзнува на максимум 5%.

Шеќерот, оризот, пекарските производи, бисквитите, тестенините, свежото месо, сирењето, кашкавалот, замрзнатиот зеленчук, чоколадата, кечапот и мајонезот, зачините, кафето, соковите и дел од алкохолните пијалаци ќе се продаваат со замрзната маржа до 10%.

Речиси целото овошје и зеленчук, пастата за заби, гелот за туширање, шампонот, влажните марамчиња, тоалетната хартија, влошките, пелените, детските каши, детергентите и сапунот ќе имаат маржа до 15%.

Маркетите се обврзани да ги означат сите производи со етикета „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и да обезбедат најмалку 70% од количините што ги имале во јануари.

Оваа одлука ќе стапи на сила наскоро, по објавувањето во службен весник, а Пазарниот инспекторат ќе врши контрола секојдневно. Во случај на неправилности, казните можат да изнесуваат до 20 илјади евра.

error: Содржината е заштитена од копирање !!