MKinformer

your daily dose of news

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА НАЈРАНЛИВИ ВО ЕВРОПА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ

21/02/2025 19:46

Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на сајбер безбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на клауд-услугите – „Клаудл“. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува „Евроњуз“.

– Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за сајбер безбедност, коишто бараат итно внимание, нагласи извршниот директор и основач на „Клаудл“, Акаш Махајан. – Мораме да му дадеме приоритет на обуката за сајбер безбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на клауд-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање – додаде тој.

За сајбер безбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.

Македонската сајбер безбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.

error: Содржината е заштитена од копирање !!