MKinformer

your daily dose of news

Почина Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва на падот на настрешницата во Нови Сад

22/03/2025 8:53

Вукашин Црнчевиќ (19), кој беше тешко повреден при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, почина како последица на повредите. По неколку месеци борба за живот, Вукашин ги подлегна на повредите на Воено-медицинската академија во Белград, каде беше префрлен од Универзитетскиот клинички центар на Војводина во Нови Сад по барање на неговата мајка.

На почетокот на годинава, Вукашин беше примен во ВМА, каде што бил во тешка, но стабилна состојба. По неколку недели на интензивна нега, лекарите соопштиле дека неговата состојба останала сериозна и непроменета. За жал, по неколку месеци, неговата борба заврши трагично.

Во моментот на трагичниот инцидент, на Вукашин му биле ампутирани двете стапала, а неговата борба за живот била херојска. Сепак, повредите беа премногу сериозни и младото момче ги подлегна на нив.

По неговата смрт, на социјалните мрежи и во јавноста се огласија студенти и наставен кадар од Гимназијата „Светозар Милетиќ“, каде што Вукашин учеше. Граѓаните на Нови Сад, како и учениците, му оддадоа почит на починатиот млад човек, собирајќи се пред зградата на училиштето и истакнувајќи црно знаме во негова чест. На зградата на Економското училиште беше поставен некролог.

Трагичниот настан се случи на 1 ноември минатата година, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, меѓу кои две деца. Вукашин беше една од дватајца тешко повредени, а денеска беше прогласен за 16-та жртва на овој трагичен инцидент.

Во Медицинскиот центар Војводина, на лекување се наоѓа и Теодора М., која исто така беше тешко повредена при падот на настрешницата, но според последните извештаи, нејзината состојба е стабилна.

Трагедијата предизвика големи студентски протести и блокади во Нови Сад, каде што граѓаните бараат апсење на одговорните за падот на настрешницата и реконструкцијата на зградата на станицата. Тие, исто така, бараат објавување на целокупната документација за реконструкцијата на настрешницата и преземање на одговорност од сите вклучени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!