MKinformer

your daily dose of news

Со аплауз пречекан Јован Костадинов од Виница – Херојот кој спаси повеќе од 20 деца од опожарена дискотека во Кочани

25/03/2025 12:17

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите на големиот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Јован, кој беше еден од повредените во трагичниот настан, денес се врати на училиште по неколку дена поминати на Токсикологија.

Соучениците, професорите и граѓаните во дворот на гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница го пречекаа со аплаузи и прегратки, изразувајќи благодарност за неговиот хуман гест и храброст. Имено, во моментите на паника и хаос, Јован без двоумење влегол во опожарениот објект и успеал да спаси повеќе од 20 деца. За да се заштити од огнот, Јован ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето пред да тргне во својот херојски подвиг.

„Бевме сведоци на вистински херој, некој кој не се двоумеше и кој, иако беше во опасност, успеа да спаси многу животи“, изјавија неговите соученици, кои го дочекале како вистински херој.

Јован беше еден од повредените во пожарот и денес, по успешното лекување, е пуштен од болницата. Се врати на училиште, каде што неговиот хуман гест беше признат и пофален од сите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!