Како ќе работи јавниот возен ред и жичарата за време на Рамазан Бајрам
29/03/2025 9:38
Во врска со верскиот празник Рамазан Бајрам, Ве информираме за измените во возниот ред и работното време на јавниот превоз, билетарниците, центрите за персонализација и жичницата за време на продолжениот викенд од 29.03.2025 година до 31.03.2025 година. Со цел да го олесниме користењето на јавниот превоз и услугите за време на празниците, ќе има прилагодени работни часови и дежурства на одредени локации. Ве молиме да ги имате во предвид измените за да го планирате вашето патување и услуги на најдобар можен начин.
Работно време на билетарници и центри за персонализација:
-
Во сабота (29.03.2025 година) – Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат според вообичаеното работно време.
-
Во недела (30.03.2025 година) – Дежурни билетарници и центри за персонализација ќе бидат на следниве локации:
-
Транспортен центар
-
Зелен пазар
-
-
Во понеделник (31.03.2025 година) – Дежурни билетарници и центри за персонализација ќе бидат на следниве локации:
-
Транспортен центар
-
Зелен пазар
-
Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје)
-
Ѓорче Петров
-
Работно време на Жичница:
-
Во сабота (29.03.2025 год.) и недела (30.03.2025 год.) – Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
-
Во понеделник (31.03.2025 год.) – Поради Рамазан Бајрам, Жичницата нема да работи, како и секој понеделник.
-
Од вторник (01.04.2025 год.) – Жичницата ќе работи еден час подолго, односно од 10 до 18 часот. Согласно Одлуката за возен ред во месец април, последното возење од долу кон врвот ќе биде во периодот од 17 до 17.30 часот.





