Променливо облачно време со повремени врнежи и услови за невреме
30/03/2025 10:02
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а повремено ќе има врнежи од дожд. Во попладневните часови, на места ќе се појават поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а во некои делови ќе има услови за краткотрајно невреме со обилен пороен дожд, кој може да надмине 15 литри на метар квадратен, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура денеска ќе се движи од 2 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура во главниот град ќе изнесува 8 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повеќе врнежи од дожд, особено во попладневните часови.