MKinformer

your daily dose of news

Променливо и нестабилно време во Македонија до 3 април 2025 година

31/03/2025 8:47

Периодот на многу променливо и нестабилно време во Македонија ќе продолжи најмалку до четврток, 3 април 2025 година. Во текот на овој период, во земјата ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои понекогаш ќе бидат и пообилни. Локално се очекува развој на грмотевични облаци, кои ќе доведат до поројни дождови, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Покрај тоа, ќе има услови за појава на интензивни атмосферски процеси во форма на невреме, кои ќе бидат проследени со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и можност за појава на град. На планините, над 1600/1700 метри надморска височина, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Во Скопскиот регион, времето ќе продолжи да биде променливо и нестабилно, со повремен дожд. Во делови од котлината, врнежите ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!