MKinformer

your daily dose of news

Активна забрана за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

08/04/2025 8:36

На патниот правец Тетово – Попова Шапка продолжува да важи забраната за тешки товарни возила, соопшти АМСМ. За сите останати видови на возила е задолжителна употреба на зимска опрема, односно ланци за снег.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Исто така, АМСМ потсетува дека патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември 2024 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!