Тетовското обвинителство ја обжали пресудата за прегазувањето на Теодора Ристовска
17/04/2025 13:43
Основното обвинителство во Тетово поднесе жалба на двегодишната затворска казна изречена за Менсур Пајазити, обвинет за сообраќајната несреќа во која трагично го загуби животот 24-годишната Теодора Ристовска.
Жалбата е поднесена по иницијатива на семејството на жртвата, кое самото нема право на жалба. Обвинителството се повикува на правото да реагира во име на јавниот интерес и интересот на оштетените.
Иако Судскиот совет се повикал на претходната одлука на Апелациониот суд, кој првично пресуди две години затвор, тоа важи само во случаи кога жалба поднесува единствено обвинетиот – што не е случај во оваа постапка.
Контроверзии предизвика и однесувањето на вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази. Таа првично предложи одбивање на жалбата на Пајазити, но подоцна го смени своето мислење и се согласи да му се изрече поблага казна. Како олеснителна околност го навела фактот дека обвинетиот „признал вина“, што предизвика реакции во јавноста, со оглед на тежината на делото.
Семејството на Теодора и пошироката јавност продолжуваат да бараат правда и соодветна казна за трагичната загуба.






