MKinformer

your daily dose of news

Папата Франциско ќе биде погребан во сабота во Рим

22/04/2025 11:44

Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, во 10 часот наутро, на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, одлучија кардиналите.

На церемонијата се очекува присуство на бројни шефови на држави и високи претставници од целиот свет. Своето присуство веќе го потврдија американскиот претседател Доналд Трамп, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Погребната миса ќе се одржи на отворено, предводена од деканот на Колеџот на кардинали, Џовани Батиста Ре. На миса ќе сослужуваат и патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет.

Според неговата последна волја, Папата Франциско ќе биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, наместо во „Свети Петар“, каде што традиционално се погребуваат неговите претходници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!