MKinformer

your daily dose of news

Се закануваат поројни поплави – невреме со дожд, град и силен ветер!

23/04/2025 9:10

Под влијание на плитка фронтална долина која се простира над југоисточна Европа, времето во Македонија од денес па сè до крајот на неделата ќе биде променливо облачно, со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Локално, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со услови за невреме – обилен пороен дожд за краток период, кој може да предизвика локални поплави, силен ветер, електрични празнења и појави на град.

Граѓаните се повикуваат на внимание, особено во подрачјата кои често се погодени од поплави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!