Анкета: Над половина од граѓаните поддржуваат смена на Судскиот совет
27/04/2025 9:49
Повеќе од 50% од граѓаните сметаат дека е неопходна смена во највисоките правосудни тела во земјата, покажува анкета спроведена од МКД.мк.
Според резултатите, 50,3% од испитаниците поддржуваат целосна смена на Судскиот совет, институцијата што го надгледува судството. Воедно, 45,7% се изјасниле дека треба да се смени и јавниот обвинител, што укажува на сериозно незадоволство од актуелната состојба во правосудниот систем.
Наспроти тоа, околу 20% од анкетираните граѓани дале негативен одговор, односно не сметаат дека е потребна смена на овие институции.
Анкетата се однесува на тековната јавна дебата за реформите во правосудниот систем, каде што се поставуваат прашања за транспарентност, одговорност и политичко влијание врз судството.