MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес од 4,6 степени го погоди островот Крит – нема пријавена штета

30/04/2025 10:20


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според податоците, епицентарот на потресот се наоѓал на 139 километри североисточно од градот Ираклион, кој се наоѓа на самиот остров. Засега нема информации за причинета материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата на терен.

Овој земјотрес доаѓа по серијата сеизмички активности кои во март ги погодија грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, што предизвика загриженост кај локалното население и властите.

Се очекуваат дополнителни информации доколку има промени во состојбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!