MKinformer

your daily dose of news

Денес се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Ѓеоргија Победоносец, празник на обновувањето на природата и на животот

06/05/2025 9:52

Ѓурѓовден, кој се слави на 6 мај (или 23 април по стариот календар), е еден од најзначајните и најпразнувани пролетни празници во Македонија. Посветен е на светиот великомаченик Георгиј Победоносец и има длабоки корени во претхристијанската традиција, поврзана со будењето на природата, плодноста, здравјето и новиот живот.

Празникот е обележан со бројни народни обичаи и магиски ритуали: плетење венци од пролетни растенија, украсување на домовите со зеленило, миење и бањање со вода со потопени билки, бањање во реки, и принесување жртви (јагне). Овие ритуали се симболични за здравје, бериќет и заштита на добитокот и посевите. Особено се верувало дека магиите за преземање млеко и симнување на месечината имаат сила ако се изведат на Ѓурѓовден, но истите се сметале и за тешки гревови.

Свети Ѓорѓи во народната песна и традиција се смета за „небесен клучар“ кој ја отвора земјата и го најавува почетокот на топлото време. Празникот има и сточарско значење, бидејќи се поврзува со првото пуштање на добитокот на паша.

Исто така, постојат и други празници посветени на овој светител: Ѓурѓиц (16/3 ноември) и Св. Ѓорѓи – Посен (9 декември), кои се одбележуваат со домашни слави. Именден слават лица со имиња како Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа и др.

error: Содржината е заштитена од копирање !!