MKinformer

your daily dose of news

Таравари му ги одзема партиските функции на Фетаи

25/05/2025 12:13

На вонредното собрание на крилото на Алијансата на Албанците предводено од Арбен Таравари, беше сменет претседателот на партиското собрание, Арбен Фетаи.

Овие потези се дел од процесот на расчистување со кадрите што не му се лојални на Таравари, и доаѓаат само неколку дена по несогласувањата со дел од раководството околу неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата Вреди. За нов претседател на собранието е избран Назим Таипи.

– Исклучивме и неколку членови на претседателството кои веќе јавно настапуваат против Алијансата за Албанците. За Мимоза Муса сè уште нема одлука, бидејќи не е јасно дали таа останува со Алијансата или се приклучува на Вреди – изјави Таравари.

error: Содржината е заштитена од копирање !!