ГАШИ: ТАРАВАРИ СЕУШТЕ ЈА НЕМА ДОСТАВЕНО СВОЈАТА ОСТАВКА ДО СОБРАНИЕТО
15/05/2025 15:29
Собранискиот спикер Гаши вели дека писмената оставка на Арбен Таравари сеуште не е доставена до Собранието на Република Македонија. Таа ќе биде констатирана согалсно собраниските процедурии и рокови. Според нив, оставка на функционер од Владата се констатира на првата пленарна седница по нејзиното доставување, а според собранискиот календар тоа би било на 20 мај во вторник.
„Во моментот кога ќе добиеме писмено доставена оставка тогаш според Деловникот како што е предвидено ќе чекаме предлог од премеирот за да се контатира оставката, а потоа ќе пристапиме кон избор на нов министер доколку хиотетички до тогаш има предлог “– Африм Гаши, претседател на Собрание.
Во меѓувреме собранискиот спикер добил известување дека пратеничката група на Вреди која досега ја координираше Халил Снопче од крилото на Таравари, ќе бара назначување на нов кориднатор. Колку пратеници ќе брои пратениката група на Вреди, по замнувањето на Алиајнса во опозиција вели дека засега не се знае, но смета дека секој кој бил изгалсан за пратеник како дел од коалицијата Вреди, треба така да продолжи да дејствува во Парламентот.
За разлика од актуелниот министер за здравство кој самиот ќе се повлече од функцијата по одлуката за напуштање на власта, за останатите кадри кои доаѓаат од Алијанса ќе се чека разрешување од функциите. Според Меџити тоа е јасен дека одлуката на Таравари за излез од Влдата не кореспонидрала со вољата на голем дел од членовите на Алијанса за Албанците. Семта и дека позициите кои ги има Алијанса во власта треба да им припаднат на Вреди.
Се уште е незвесно дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе го следи Таравари во опозиција, откако не беше присутен на партискиот состанок на Алијанса во Тетово. Фетаи ниту денеска не беше достапен за коментар, но во јавноста веќе се шпекулира дека тој сепак ќе остане дел од владиниот кабинет на Мицкоски.
Освен челното место во здравство, кадри од крилото на Таравари во Алијанса седат и во заменичките министерски столчиња во одбрана и во земјоделство, шумарство и водостопанство. Кој ќе го замени Таравари во ресорот здравство и дали ќе има рокади во министреските позиции помеѓу владеачките партии како што најави премиерот Мицкоски ќе биде познато идната недела.






