MKinformer

your daily dose of news

Стојанче Ангелов е именуван за в.д. директор на ДЗС

27/05/2025 13:31

Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од денеска, 27-ми мај е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оваа промена, според објавата на Ангелов е резултат на претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски.

Ангелов наведеува дека Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. Покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер тракторите.

– Во овој момент се уште нема ниту потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор. Воедно, некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност. Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита е во исклучително лоша состојба, недостасуваат сериозен број на соодветно образовани и обучени инспектори, но постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите кои ги издава Дирекцијата за заштита и спасување. Во моментов во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, додека отстранетите неексплодирани средства се чуваат на несоодветен начин.Постојат и други недостатоци и слабости за кои во следниот период јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Ангелов.

error: Содржината е заштитена од копирање !!