ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ДЕЛ ОД КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
28/05/2025 22:01
ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на Извршниот комитет, на која се разгледуваа предлози за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
На состанокот, фокусот беше ставен на подготвителните активности на партијата за локалните избори, при што се разгледуваа имиња на потенцијални кандидати што би ја претставувале ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини низ земјава. Партијата најавува дека конечните одлуки за кандидатурите ќе бидат соопштени во наредниот период.
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски



