МОНДАНО ГАРДЕН СПРЕМА СПЕКТАКЛ ЗА ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ВО СКОПЈЕ
28/05/2025 13:24
Големо финале на Лигата на шампионите во Mondano Garden: Врвна забава, вкусна храна и незаборавна атмосфера!
Во сабота љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го следат финалето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и ПСЖ во вистински спектакуларна атмосфера, благодарение на Mondano Garden – Every Age Playground, кој организира голем настан во чест на овој спортски мегадуел.
Од менаџментот најавуваат богата програма со диџеј сет, огромен LED екран, многу промоции, подароци и забава до доцна во ноќта, во соработка со Хајнекен и Скопска пивара.
Локалот е познат по својата одлична храна, особено по вкусните бургери и пици, а специјално за ова финале ќе има и скара на лице место. За пивото, ќе се погрижат добро познатите Скопска пивара и Хајнекен, кои подготвуваат изненадувања и пијалаци за сите гости.
Mondano Garden се наоѓа во срцето на Скопје, во дворот од задната страна на гимназијата „Јосип Броз Тито“, и нуди пријатна и урбана атмосфера, совршена за вакви настани.
Подгответе се за вечер исполнета со спортска еуфорија, добра музика, вкусна храна и одлично друштво – сѐ на едно место, само во Mondano Garden!





