MKinformer

your daily dose of news

Почна да се работи проектот „рачиња во мед“ за кој се скараа ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

28/05/2025 13:07

Проектот за пречистителната станица во Скопје конечно започна со реализација

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Тони Миновски, информира дека изградбата на пречистителната станица конечно е во тек, а градежните работи се веќе започнати. Тој истакна дека проектот напредува според планираната динамика, а конзорциумот што го доби тендерот — германската „ВТЕ Васертехник“ и македонската „Жикол“ — активно работи на терен.

Според Миновски, повеќе од две години проектот бил во застој бидејќи општините Гази Баба и Аеродром немале усвоено Детален урбанистички план за локацијата, што го оневозможило пристапот и добивањето дозвола за градење. Тој додава дека не е јасно зошто усвојувањето на планот толку долго доцнело.

Миновски нагласува дека уште од неговото именување во август 2024, се вклучил активно во надзорот и логистиката на проектот, преку посебна проектна единица формирана во рамки на претпријатието, по барање на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Проектот е вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони се кредит од ЕИБ, а 70 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија. Иако во минатото имаше политички несогласувања околу тендерската постапка, особено меѓу градоначалничката Данела Арсовска и претходното раководство на „Водовод“, ЕИБ потврди дека постапката се водела транспарентно и согласно европските стандарди.

Новата станица ќе се гради во Трубарево, Општина Гази Баба, на површина од 13 хектари. По нејзиното пуштање во употреба, ќе може да прочистува отпадни води за 540.000 жители. Проектот е од големо значење за заштитата на реката Вардар и за одржливо користење на водата, особено во контекст на климатските промени и растот на урбаното население

error: Содржината е заштитена од копирање !!