Артилериска граната од 65мм, пронајдена на брегот на Преспанско езеро
09/06/2025 9:05
Вчера во 18.50 часот, по пријава на 112 во ЦУК, за неекслодирана граната од првата светска војна, по крај брегот на Преспанското езеро на плажата „Сливница“ во Oпштина Ресен, по претходно внимателно испитување на нејзината состојба, таа е безбедно подигната, и од пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола, е отстранета и пренесена безбедно до соодветен магацин за НУС (Неексплодирано убојно сретство).
ДЗС апелира до граѓаните кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што надлежните институции и служби ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани.






