Гранта од Првата светска војна пронајдена во центарот на Битола
17/09/2020 10:51Граната од Првата светска војна вчера била пронајдена на улицата Илинденска во Битола.

Според информациите на МВР, вчера во 11.40 часот било пријавено дека на улица Илинденска во Битола, при вршење на ископ, била пронајдена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување.






