ДЕНЕС СЕ ОЧЕКУВА ПРЕСУДА ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА И ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ
25/06/2025 9:18
Денеска, во Основниот кривичен суд во Скопје, се очекува да биде соопштена пресудата за случајот со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. За ова двојно убиство се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, се товари за соучесништво.
Обвинението ги товари сите петмина дека заедно го испланирале киднапирањето на 14-годишната Вања со цел да изнудат откуп. Киднапирањето на Жежовски, според обвинението, било извршено за да се искористи неговото возило „Ситроен“ при реализацијата на планот.
Сите обвинети негираат вина. Нивната одбрана побара ослободителна пресуда, додека обвинителството побара доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев.




