MKinformer

your daily dose of news

Водата во Езеро Младост (Велешко езеро) моментално претставува ризик

03/07/2025 18:54

Водата во Езеро Младост моментално претставува ризик по здравјето и не е безбедна за капење или било какви рекреативни активности, сè додека не се извршат дополнителни анализи од овластени стручни тела.

Како што информираше еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, уште во Март месец годинава, за состојбата на езерската вода и големото количество на Алги, на површината на водата.

Центарот за јавно здравје во својот извештај наведува дека во езерото е регистрирано значително присуство на алги, густа жолто-кафеава пена и маса со желатинеста, сунѓереста структура која се проширува по голем дел од крајбрежјето. Овие појави укажуваат на развој на цијанобактерии (познати и како сини-зелени алги), кои можат да создаваат опасни токсини – цијанотоксини.

Освен визуелните знаци, хемиските испитувања покажале и сериозно загадување – концентрацијата на амонијак е петкратно над дозволените граници. Ова укажува на нарушување на природниот екосистем и можен извор на отпадни материи во езерото.

Сите овие фактори претставуваат сериозна закана по здравјето, особено за децата и лицата со чувствителна кожа или хронични болести. Затоа, капењето треба строго да се избегнува додека не се потврди дека водата е безбедна.

Граѓаните се повикуваат на внимателност, а се очекува надлежните институции итно да реагираат со натамошни испитувања и мерки за санирање на состојбата.
На видеото од лани може да се види како изгледа водата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!