Езерската полиција спаси две млади охриѓанки од Охридското Езеро, не можеле да се вратат си SUP даски за пловење
29/07/2026 13:08
Езерската полиција спаси две млади охриѓанки од Охридското Езеро, откако силниот ветер и високите бранови ги оддалечиле од брегот. Девојките пловеле со СУП-даски и не можеле самостојно да се вратат.
Случајот бил пријавен вчера околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, било пријавено дека две лица бараат помош. Тие се наоѓале на околу еден километар од брегот, спроти автокамп во Охрид.
Ветерот ги оддалечил два километри од брегот
Полициските службеници веднаш излегле на терен. Девојките биле пронајдени на околу два километри од брегот.
Во моментот кога пристигнала помошта, тие се обидувале да ја одржат рамнотежата на СУП-даските.
Станува збор за Е.С. (19) и И.А. (18), двете од Охрид. Според МВР, временските услови нагло се влошиле. Силниот ветер и високите бранови ги туркале сè подалеку од брегот.
Поради тоа, тие не можеле самостојно и безбедно да се вратат.
Безбедно префрлени на полициските чамци
Полициските службеници ги префрлиле девојките на чамците на езерската полиција. Потоа биле однесени во просториите на полициската станица.
Од СВР Охрид и езерската полиција апелираат до капачите и корисниците на СУП-даски и педалинки да бидат внимателни.
Тие препорачуваат граѓаните да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони. Исто така, потребно е да се следат временските услови и да се почитуваат мерките за безбедност на вода.
Благодарение на брзата интервенција, езерската полиција спаси две млади охриѓанки и ги врати безбедно на брегот.






