ДЕЛОВИ ОД СТУДЕНИЧАНИ, КАРПОШ, ШУТО ОРИЗАРИ ДЕНЕС БЕЗ СТРУЈА
14/07/2025 7:51
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека на ден 14.07.2025 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река (општина Студеничани);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Метохиска (општина Шуто Оризари);
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата.(општина Карпош).


