Делови од четири скопски општини денес без струја
07/11/2025 9:55
Од ЕВН Македонија АД информираат дека и денеска (петок) ќе има привремени прекини во електроснабдувањето на неколку локации во Скопје и околината.
Според најавата, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
-
⏰ Од 08:05 до 15:00 часот: викендиците во Патишка Река, Јаболци, сателитски центар Нова Брезница, Рудпроект, карст с. Јаболци и викендици Држилово (општина Сопиште).
-
⏰ Од 08:05 до 15:00 часот: населените места Малчиште, Црн Врв, Елово и Осиничани (општина Студеничани).
-
⏰ Од 09:00 до 10:00 часот: дел од корисниците позади бензинска пумпа Окта (општина Шуто Оризари).
-
⏰ Од 12:00 до 14:00 часот: дел од корисниците на Радишански пат (општина Бутел).
Од ЕВН најавуваат дека прекините се поради плански зафати и одржување на електро-мрежата, и апелираат граѓаните да ја имаат предвид оваа информација при своите дневни активности.



