MKinformer

your daily dose of news

Делови од Студеничани и Сопиште денес без струја поради планирани зафати на ЕВН

09/12/2025 9:50

РЦУК Скопје информира дека ЕВН Македонија АД доставило најава за планиран прекин на електрична енергија денес (09.12.2025), кој ќе опфати повеќе населени места во општините Студеничани и Сопиште.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без напојување ќе останат корисниците во следните региони:
с. Осинчани, Ловиште Јасен, с. Држилово, с. Патишка Река, с. Елово, с. Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, с. Јаболци, с. Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и с. Нова Брезница.

Причината е изведба на технички зафати во електро-мрежата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!