MKinformer

your daily dose of news

Загина 16-годишно момче од Охрид: Со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

17/07/2025 9:58

Денеска во 1:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

error: Содржината е заштитена од копирање !!