MKinformer

your daily dose of news

Нормализирано водоснабдувањето во детската болница КОЗЛЕ

18/07/2025 18:32

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти, стои во соопштението на МЗ испратено попладнево до медиумите.
error: Содржината е заштитена од копирање !!