MKinformer

your daily dose of news

ВО „ТЕТОВСКО АУДИ“ ПРОНАЈДЕНИ И ЗАПЛЕНЕТИ ШТЕКИ ЦИГАРИ БЕЗ БАНДЕРОЛИ И ОПРЕМА ЗА ПРОИЗВОДСТВО

20/07/2025 19:18

Утринава околу 8 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го привеле А.С. (45) од селото Горно Палчиште, општина Боговиње, поради незаконска трговија со тутунски производи.

При извршена контрола на патничко возило „Ауди“ со тетовски таблички, кое го управувал А.С., биле откриени 70 штеки цигари (по 10 кутии во секоја), 49 кутии со филтри за цигари, 19 машинки за полнење цигари и 98 килограми дробен тутун – сите без соодветни бандероли, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за кривични дела според член 278-б и член 279 од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!