MKinformer

your daily dose of news

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во Русија

20/07/2025 12:38

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е забележан во Русија, во близина на источниот брег на Камчатка, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот бил на длабочина од 20 километри, околу 133 километри источно од Петропавловск Камчатски.

ЕМСЦ предупредува дека постои потенцијална опасност од појава на цунами.

Пред овој потрес, 20 минути порано, во истата област бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени.

Сведоци од Камчатка, чии изјави се објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, велат дека првиот потрес бил силно и подолго почувствуван, додека вториот го опишале како „катастрофален“, по што жителите во паника излегле од своите домови.

Руското регионално Министерство за вонредни ситуации соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, надлежните служби ја следат состојбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!