MKinformer

your daily dose of news

Во Свети Николе, денес измерени +48 степени.

21/07/2025 18:57

Денес, термометарот во Свети Николе покажа 48°С, најголемиот дел од работниците патуваат во соседните градови секојдневно на работа. Оние кои оваа седмица се втора смена на работа, превозот за работа го чекаат на температурата од речиси 50°С. Сенка, скоро и да нема. За утре е најавено уште потопол ден.

📑 При креирањето на општинскиот буџет во декември поднесов амандман за измени во програмата за ,,Уредување на градежно земјиште” за изградба на автобуски постојки од страна на општината.

Помина повеќе од пола година, иако амандманот беше прифатен, и имаше определено средства за негова реализација, за жал од автобуските постојки нема ниту трага ниту глас. Таква е отприлика грижата на општинските власти за работниците.
Напиша и сподели на Фејсбук, Александар Симеонов

error: Содржината е заштитена од копирање !!