ЕУ подготвува остри мерки против „небезбедните“ производи од кинески платформи ТЕМУ и ШЕИН
21/07/2025 9:29
Европската Унија алармира на божемни сериозни безбедносни пропусти кај производи од кинеските онлајн продавници „Шеин“ и „Тему“, чие присуство на пазарот експлозивно расте.
Комесарот за правда Мајкл Мекграт изрази загриженост за, како што рече, „шокантни прекршувања“ на стандардите, демек бебешки цуцли се со „ризик од задушување“, а козметика е со „забранети хемикалии“.
Во 2023 година, системот „Сејфти гејт“ регистрирал рекордни 4.137 предупредувања, а низ ЕУ секојдневно пристигнуваат над 12 милиони пакети од земји надвор од блокот. Брисел размислува за укинување на царинскиот праг од 150 евра и воведување дополнителни такси со цел построги проверки и контроли.
Во тек е тајна операција со „тајни купувачи“, а темата се очекува на агендата на самитот ЕУ-Кина на 25 јули. „Шеин“ најави инвестиции во безбедност и тестирачки центри, а „Тему“ тврди дека соработува со сертифицирани институции. Сепак, Мекграт порача: „Не можеме да дозволиме европските потрошувачи да бидат загрозени, ниту европските компании да трпат од нелојална конкуренција.“






