(Видео)Скопјанецот Зоран Настески спречи терористички напад во авион на лет од Лондон до Глазгов
28/07/2025 17:21
Херојска реакција на скопјанецот Зоран Настески, кој сега живее во Англија, спречи можен терористички напад на летот на авиокомпанијата „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов.
На видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа моментот кога Настески го соборува на земја патникот кој се заканувал со бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“.
По инцидентот, терористот бил веднаш приведен од шкотската полиција по слетувањето на авионот. По детална проверка, не била пронајдена бомба во леталото.
Патниците ја поздравиле брзата и храбра реакција на Настески, која спречила можна паника и опасност за безбедноста на летот.





