MKinformer

your daily dose of news

Собранието ја констатира оставката на Татјана Димитровска – следува избор на нов претседател на Антикорупциската комисија

29/07/2025 14:17

На почетокот на денешната 64-та седница, Собранието на Република Македонија официјално ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

Според процедурите, во рок од 10 дена треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања, која ќе донесе одлука за распишување јавен оглас за избор на нов претседател и дополнителен член на Антикорупциската комисија.

Причини за оставката

Димитровска ја поднесе оставката на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела:

  • Оддавање службена тајна – на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“.

  • Компјутерски фалсификат – бидејќи колега ревизор во нејзино име положил тест за сертификат за државна тајна.

Во оставката, Димитровска се повика на член 14 од Законот за спречување на корупцијата, без дополнително образложение.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека седницата на ова тело ќе биде свикана во среда или четврток, со цел навремено да се распише јавен оглас за избор на нов претседател.

Со оглед на тоа што се најавува распишување на локалните избори на 8 август, Сајкоски истакна дека мора да се почитуваат сите законски процедури, но и да се обезбеди функционалност на ДКСК. Затоа, ќе бидат побарани мислења од самата комисија и од Уставниот суд за понатамошните чекори.

error: Содржината е заштитена од копирање !!