MKinformer

your daily dose of news

Додик осуден, но бара поддршка од Трамп. Русија и Орбан застанаа зад него

01/08/2025 19:55

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, бидејќи одбил да ги спроведе одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Тој ја отфрли пресудата, пренесе „Индекс“.

Судот првично соопшти дека на Додик му се забранува да ја извршува функцијата претседател на РС, но подоцна објасни дека, поради законските измени наметнати од Шмит, таа забрана се однесува и на сите функции што имаат контакт со јавни средства – вклучително и лидерската позиција во неговата партија СНСД, доколку таа се финансира од буџетот.

Додик реагираше на социјалната мрежа X, барајќи поддршка од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој објави цитат од Трамп од 2024 година и го спореди својот случај со „политичкиот прогон“ што, според него, го претрпел и Трамп.

Поддршка доби и од Русија и Унгарија. Руската амбасада во Сараево ја оцени пресудата како политичка, а Шмита го нарече „узурпатор“, тврдејќи дека одлуките засновани на неговите налози немаат легална основа и ја обвини меѓународната заедница за потенцијално дестабилизирање на БиХ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така застана зад Додик, порачувајќи дека волјата на народот мора да се почитува и дека во една демократија нема место за „политички лов на вештерки“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!