MKinformer

your daily dose of news

9 ГОДИНИ ОД ПОПЛАВАТА, ЗА ЖРТВИТЕ СПОМЕН-ПЛОЧА

06/08/2025 20:10

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека во 2026 година ќе биде поставена спомен-плоча во чест на жртвите од катастрофалните поплави што на 6 август 2016 година ги зафатија Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и други населени места во општината.

По повод деветгодишнината од трагедијата, Стефковски преку социјалните мрежи потсети на денот кога, како што рече, „природата ја покажа својата суровост, но човечноста блесна посилно од сѐ“. Во поплавите загинаа повеќе жители, многу семејства останаа без домови, а последиците, според него, и денес се чувствуваат.

Во 2026 година, кога Гази Баба ќе одбележи 50 години од своето постоење и десет години од поплавите, општината ќе постави спомен-плоча како траен симбол на трагедијата, но и на храброста, солидарноста и заедништвото на граѓаните.

„Ова ќе биде место на почит, молитва и тивко сеќавање за оние што ги загубивме. Нивниот спомен ќе остане жив“, порача Стефковски, повикувајќи ги граѓаните, институциите и организациите да се вклучат во иницијативата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!