Авион на „Wizz Air“ се врати на скопскиот аеродром по удар во јато птици
07/08/2025 19:36
Патнички авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој вчера попладне полета од Меѓународниот аеродром Скопје кон Базел, беше принуден на итно враќање и слетување откако удри во јато птици веднаш по полетувањето.
Инцидентот се случил на летот со ознака WZZ1KX, а според информации на порталот 24 Инфо, ударот предизвикал оштетување на еден од моторите. Авионот безбедно се вратил на скопскиот аеродром и слетал без последици по патниците и екипажот.
Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, изјави дека вакви случаи не се невообичаени во авијацијата. Иако во моментот нема дополнителни информации, тој најави дека ќе се спроведе истрага за да се утврдат точните околности и евентуалните оштетувања.





