MKinformer

your daily dose of news

СВР Охрид со демант: Сѐ уште се трага по исчезнатиот бугарски нуркач во Охридското Езеро

10/08/2025 12:28

Од СВР Охрид ги демантираа информациите дека е пронајдено безживотното тело на бугарскиот нуркач кој исчезна вчера.

Потрагата по 52-годишниот бугарски државјанин, кој исчезна при нуркање во Охридското Езеро, продолжува и втор ден. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Скопје1“ изјави дека информациите објавени во јавноста дека телото на нуркачот било пронајдено вчера не се точни.

„Сѐ уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени одредени активности со цел негово пронаоѓање,“ изјави Димоски.

Бугарскиот државјанин исчезнал вчера околу 13 часот при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, екипи на Црвениот крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!